x

Instagram воведува нова опција за рачно бришење на следбеници

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 19 Јули, 2018 од GSM.mk

Instagram воведе нова опција, со која од сега рачно ќе можете да ги бришете луѓето од вашата листа на следбеници.

Една од најпопуларните социјални мрежи на светот, Instagram, сега тестира нова функција, која ќе им овозможи на корисниците на оваа платформа, рачно да ги исфрлат луѓето од листата на пријатели.

Кога ќе влезете во листата и рачно ќе ги избришете од вашиот список на следбеници, тие повеќе нема да можат да ги гледаат вашите содржини, како фотографии, видео записи и приказни (Story), без никакви известувања.

Засега, овој експеримент е ограничен само на одредени јавни профили на Android, но бројот на луѓе кои постепено ја добиваат новата функција постојано се шири.

Корисниците, кои своите профили ги имаат означено како приватни (што значи дека е потребно да го прифатат секое барање на некој друг корисник, за тој да може да ги види нивните објави), веќе подолг период ја имаат опцијата да ги „отфрлат“ следбениците, на тој начин што можат да ги блокираат нивните профили.

За да проверите дали и вие ја имате новата опција, одете на почетната страница на вашиот профил на апликацијата и изберете ја листата на следбеници.

Сега, би требало да гледате три вертикални точки покрај секој профил, кликнете на нив и ќе ви се појави прозорец, со опција да го избришете тој следбеник. Последниот чекор е да ја одберете опцијата „Remove“.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.