x

Intel го претстави новиот компјутер на преклоп

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 11 Јануари, 2020 од GSM.mk

Американската технолошка компанија Intel го креираше компјутерот на преклоп.

Овој уред, велат од Intel, е наменет да ги инспирира производителите на компјутери да смислат нови начини како да ја употребат флексибилната технологија.

Крис Вокер од Intel истакнува дека со овој паметен уред сака да им овозможи на корисниците нов notebook компјутер кој може да се прилагоди според нивните потреби.

Сепак, исто како и другите технолошки компании и Intel се соочува со тешкотии при производство на технологија на преклоп.

„Направивме изум со помош на најновата генерација на Core платформата за да добијат уред со перформанси со силна батерија“, вели Вокер.


Покрај Intel, компанијата Lenovo исто така го претстави и компјутерот на преклоп. Исто така, овие компании со години работат на производство на нови технологии.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.