x

iOS 10 е официјално достапен!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 14 Септември, 2016 од GSM.mk

Од вчера, најновата верзија на мобилниот оперативен систем на Apple, iOS 10, официјално е достапна за симнување. Но, што доколку имате џејлбрејк?

Новата верзија на оперативниот систем „тежи“ 1,1 гигабајт, а можете да апдејтирате преку iTunes или директно преку вашиот телефон (преку Wi-Fi). Доколку апдејтирате преку телефон, осигурајте се дека батеријата е над 50%.

Листата на компатабилни уреди е следната:

  • iPhone 6s, iPhone 6s Plus, iPhone 6, iPhone 6 Plus, iPhone SE, iPhone 5s, iPhone 5c, iPhone 5
  • iPad Pro 12.9-inch, iPad Pro 9.7-inch, iPad Air 2, iPad Air, iPad 4th generation, iPad mini 4, iPad mini 3, iPad mini 2
  • iPod touch 6th generation

Финално, доколку имате џејлбрејк, не ви препорачуваме да апдејтирате, бидејќи ќе го изгубите истиот.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.