x

iOS 10 им прави проблеми на корисниците!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 15 Септември, 2016 од GSM.mk

Паралелно со претставувањето на iPhone 7, Apple го објави и новиот оперативен систем iOS 10 кој ќе биде достапен и за оние корисници кои имаат постара верзија на смартфонот. Сепак, некои од корисниците кои имаат постари модели, веќе пријавија проблеми...

Поголем број корисници на iPhone и на iPad пријавија проблеми при преземањето на iOS 10, поради пораката што им се појавува и бара од нив да го приклучат смартфонот на компјутер и да нараправат комплетно враќање на податоците.

„Имаме мали проблеми со процесот на надградба на софтверот. Проблемот се појавува кај дел од корисниците, а тој беше присутен на почетокот на преземањето“ - соопштија од Apple.

Појавувањето на проблеми е речиси секогаш присутно кога се објавува нов софтвер. Apple сега тврди дека проблемот е целосно отстранет и дека може да се преземе новиот оперативен систем. Во секој случај направете бекап на податоците на вашиот смартфон, пред да ја почнете надградбата.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.