x

iOS 11.4: На постари Apple iPhone модели побрзо им се троши батеријата по новиот update

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 14 Јуни, 2018 од GSM.mk

Голем број iPhone корисници пријавиле проблем со брзо трошење на нивните батерии, по инсталирањето на новиот iOS 11.4.

Повеќе од 1,300 коментари беа постирани на Apple Communities страната за проблемот со батериите. Еден iPhone 6 сопственик, напишал дека по update-тот, батеријата почнала да се троши неверојатно брзо и кога не го користи уредот. Неговата целосна батерија издржувала половина ден.

Друг iPhone 6s сопственик, изјавил дека неговиот телефон изгубил 60% од батеријата преку ноќ и забележал дека неговиот iPad mini 4 го има истиот проблем. Друга личност споделила дека губи 1% батерија на секои 20 секунди. Изгледа дека поголемиот дел од коментари се наменети за iPhone 6 и iPhone 6s моделите, додека поретко и за iPhone 7 и iPhone 7 Plus.

Некои од корисниците споделиле совети за зачувување на батеријата, како гасење на WiFi-то или локацијата. Истотака, гасењето на iCloud и Bluetooth кога не го користите уредот може да биде од помош. 

Сега за сега, Apple нема ништо изјавено во врска со случајот. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.