x

iOS 12 ќе покажува колку го користите вашиот iPhone

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 02 Јуни, 2018 од GSM.mk

Од Apple сакаат да го свртат фокусот кон „дигиталното здравје“, па затоа ќе воведат неколку измени во нивниот оперативен систем. Новиот производ на Apple, iOS 12 ќе им покажува на корисниците колку време поминуваат користејќи го нивниот iPhone.

На почетокот на минатиот месец Google објави дека Android P ќе се развива со фокус на „дигиталното здравје“, а сега и Apple одат во истата насока.

Наредниот понеделник Apple ќе го претстави новиот iOS 12, заедно со неговата нова опција, Digital Health. Тој ќе содржи неколку алатки кои ќе ви покажуваат колку време поминувате користејќи го вашиот iPhone или iPad. Таа опција во некоја форма постои и во моментот, бидејќи можете да проверите колку време сте користеле некоја апликација, но со iOS 12 сите тие опции ќе бидат собрани на едно место.

Земајќи го во предвид вообичаениот распоред на Apple, iOS 12 би требало да пристигне кај корисниците во септември, само неколку недели по промоцијата на Android P. Оваа година двете компании ќе им помогнат на корисниците да направат баланс помеѓу технологијата и здравиот живот.

Според Bloomberg, новиот iOS 12 ќе биде многу подобрен од старата верзија на овој оперативен систем. Ќе има нови можности, неколку опции за редизајн а најголемата предност ќе му биде стабилноста и брзината.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.