x

iOS 12.1 и watchOS 5.1: Сите новитети и подобрувања!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 31 Октомври, 2018 од GSM.mk

Со претставувањето на новите уреди, како и секоја година, Apple ги најави и новите верзии од iOS 12.1 и WatchOS 5.1. Ова се сите новитети кои ги нудат:

Почнувајќи од iOS 12.1, еден новитет со кој доаѓа е Group FaceTime - опција која дозволува користење на FaceTime со дури 32 лица истовремено. Опцијата е достапна за сите нови модели, до iPhone 6s. Покрај тоа, претставени се и 70 нови емотикони. 

Оние кои често прават портрети на iPhone Xs, Xs Max или Xr, отсега ќе може да одбираат до кој степен сакаат да им биде замаглена позадината. Иако таква опција веќе е достапна, со новиот update ќе може да се користи за време на сликањето. Благодарение на iOS 12.1, новите iPhone модели сега нудат Dual SIM способности.

За да го инсталирате iOS 12.1, се што треба е да одите во Settings > General > Software update. Update-тот зафаќа 464.4MB. Пред почеток на процесот, осигурајте се дека батеријата ви е полна најмалку 50%. 


Истовремено, Apple го претстави и WatchOS 5.1 за паметните часовници. Меѓу другото, корисниците ќе може да слушаат Group FaceTime разговор преку својот часовник. Истотака, новиот update ги поддржува горенаведените нови 70 емотикони. 

За негово инсталирање, вклучете ја Apple Watch апликацијата на вашиот iPhone и кликнете на General > Software update. Исто како и со останатите уреди, треба да биде наполнет барем до 50%. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.