x

iOS 12.1.1 им оневозможува на дел од корисниците да користат WiFi!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Декември, 2018 од GSM.mk

Минатата недела, Apple го претстави iOS 12.1.1 за iPhone уредите. Додека update-тот нуди интересни нови функции, како групен Face Time, истовремено создаде сериозни проблеми за корисниците..

Според новите приказни на Forbes, дел од iPhone корисниците се жалат дека не можат да ја користат својата WiFi мрежа по снимање на update-тот. Проблемот се појавил кај неколку корисници од неколку држави и секој од нив го искусил на различен начин.

На пример, некои од нив можат да се поврзат на 4G LTE и да го користат Safari, но не можат да ги користат останатите апликации. Други корисници се жалат дека не можат да користат Twitter и Amazon, но можат да ги користат сите Google апликации и WhatsApp. Останатиот дел не можат да се приклучат на своите WiFi мрежи воопшто. 

Интересниот дел е што компанијата знаела за проблемот, бидејќи била известена од бета тестерите на iOS 12.1.1. Доколку сеуште го немате инсталирано update-тот на вашиот Apple уред, најдобро би било да почекате додека компанијата не го реши проблемот. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.