x

iOS 13: Датум и највозбудливи нови функции!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 23 Март, 2019 од GSM.mk

Новиот софтверски update на Apple е во подготовка, а официјално ќе биде достапен во јуни. iOS 13 ќе донесе низа нови и возбудливи функции, меѓу кои:

1. Dark Mode

Dark Mode concept for iOS 13

Една од највозбудливите и најкорисни функции кои ќе дојдат со новиот оперативен систем на Apple е Dark Mode. Станува збор за еден нов вид "тема" која ќе го олесни користењето на вашиот уред ноќе, или подобро кажано, пред спиење. Гласините за ваквата функција започнаа уште минатата година, но опцијата официјално ќе биде достапна со новиот update.

2. Редизајниран Home екран

iOS 13 release date and best rumored new features

Home екранот на iOS е релативно непроменет уште од 2007 година, со единствен исклучок на малите разлики кои се појавувале со секој нов оперативен систем. Со iOS 13, корисниците ќе имаат можност да креираат нови екрани и да ги движат лесно иконите околу нив.

3. Ново мени за звук

iOS 13 release date and best rumored new features

Ваквото мени можеби не е од голема важност за Android корисниците, но Apple корисниците веќе подолго време се жалат за големото мени за звук, кое го зафаќа речиси пола екран. Компанијата планира со iOS 13 конечно да го оптимизира и да го направи попрактично за користење.

4. Нови iPad функции и подобрувања

iOS 13 release date and best rumored new features

Во последно време, Apple посвети поголемо внимание на своите iPad уреди, претставувајќи неколку нови модели, кои истовремено ќе добијат и софтверски подобрувања.

5. macOS и iOS 13 комбинирани платформи

iOS 13 release date and best rumored new features


Достапност

2019-та ја одбележува десетгодишнината од WWDC на Apple. Оваа година настанот ќе започне на 3 јуни, каде iOS 13 ќе биде најавен, а официјално ќе биде достапен во јули.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.