x

iOS 13: Вака ќе изгледа Dark Mode на iPhone XI!

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 06 Февруари, 2019 од GSM.mk

Голем дел од корисниците кои ги користат своите смартфони за читање или гледање видеа навечер, веќе подолго време се во потрага по софтверско подобрување кое ќе го олесни ваквото користење за очите..

Дел од апликациите веќе доаѓаат со т.н 'Dark Mode' или 'Night Mode', кој овозможува "темна тема" при користење на апликациите во одреден период од денот. За среќа, работите ќе се променат со претставувањето на iOS 13 и Android Pie. Можеби покрај софтверското подобрување, OLED панелите со кои доаѓаат голем дел од уредите се заслужни за ваквите теми. Имено, Dark Mode најлесно може да се примени на OLED панел, каде дел од пикселите може да останат неупотребени, додека LCD екраните ги користат сите пиксели постојано.

iPhone XI renders show what Dark Mode could look like in iOS 13

iPhone XI renders show what Dark Mode could look like in iOS 13

За Apple корисниците, ваквата промена ќе биде достапна со iOS 13. За полесно да ги објасниме ваквите промени, деновиве се појавија фотографии од очекуваниот iPhone Xl и неговото користење со темната тема. 

iPhone XI renders show what Dark Mode could look like in iOS 13

iPhone XI renders show what Dark Mode could look like in iOS 13

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.