x

iPad mini

Категорија: Рецензии // Таблети Објавено на 06 Ноември, 2012 од Христијан Илиески

Гласините за iPad мини ги слушаме веќе со години, речиси исто онолку колку што постои обичниот Apple iPad. Долго време не се знаеше дали тие гласини се вистинити или не, преостануваше да се надеваме дека ќе добиеме iPad со по прифатливи димензии, кој ќе можеме да го носиме со себе и да го држиме во една рака, за разлика од обичниот iPad. Со други зборови очекувавме еден попрактичен уред кој ќе ги врши истите работи како и iPad-oт.

Конечно пристигна новиот iPad мини, таблет со големина од 7,9 инчи со цени започнувајки од 329 долари. Таблетот ја има истата резолуција како iPad 2, но со помал екран. Во секој поглед добиваме одличен уред уред кој е доста ефтин во однос на тоа што се ни пружа, за разлика од останатите таблети. Имаме потенок и полесен уред, помал од iPad-от, но дали вреди да го имаме? Да ги разгледаме неговите предности и недостатоци.

Apple на претставувањето на iPad мини сакаше јасно да даде до знаење дека ова не е само обичен смален iPad. Како прва работа се наведува потполно различниот распоред во куќуштето.Исто така задниот капак има потполно различен концепт споредено со сите генерации на iPad. Всушност уредот повеќе наликува на зголемен iPod touch, отколку на смален iPad.

На ивиците iPad мини е многу поостар за разлика од iPad-от. Се претпоставува дека на тој начин има повеќе простор за батеријата во внатрешноста, но истовремено го прави уредот поубаво да лежи во рака.Тежината исто така е многу битен фактор, а кај iPad мини, е доста намалена. WiFi верзијата на iPad-от тежи само 308 грама, што е помалку од половина од тежината на четвртата генерација на iPad. Исто така е тенок 7,2 милиметри, наспроти 9,4 кај големиот iPad. Во него е склопен и 7,9 инчен екран со резолуција од 1,024 х 768, LCD екран кој има значително помали димензии од оние на обичниот iPad.

Предностите на 7 инчниот таблет 

Навистина може да се каже дека со 7 инчен таблет се добиваат многу предности, може лесно да го носиме со себе насекаде држејќи го во една рака. Nexus 7 таблетот на Google може секој да го држи со една рака, но iPad-от претставува мал проблем за оние со помала рака. Во секој случај и ова неможе да се наброи како некој недостаток на таблетот, бидејќи во суштина истиот многу убаво лежи на рака. За ова придонесуваат неговата мала тежина, и  дебелината од само 7,2 милиметри, која е иста со четвртата генерација на iPod touch.

Сега засега црната верзија се покажа како доста по привлечна за разлика од белата, но сепак и белата е доста добра, особено за оние кои не внимаваат на гребаници, белата боја одлично ги крие.

Екран

Да, сите знаеме дека iPad мини нема ретина екран и многумина ова го сметаат за недостаток, но таблетот има иста резолуција како и 10 инчниот iPad 2. Тоа ни кажува дека квалитетот на екранот е доста задоволен. Можеби читањето текст не е исто како на iPad со ретина дисплеј, но сепак ги задоволува потребите.

Всушност забележано е дека  светлината и боите на екранот се доста подобрени за разлика од iPad 2 и истите може да се споредуваат со ретина дисплејот.

Перформанси и батерија

iPad мини работи на dual-core 1Ghz процесор со 512 мегабајти рам, исто како и кај iPad 2, па така и на тестовите се вадат исти резултати кај дват таблети. Можете да ги видите резултатите направени на некои тестови во следната табела, во која се споредуваат сите актуелни уреди на apple.

УредРезултати (Повисоко е подобро)
Apple iPad mini751
Apple iPad (4 gen)1,763
The New iPad720
Apple iPad 2721
Apple iPad442
Apple iPhone 51,628
Apple iPhone 4s623

Батеријата е исто така една од нај добрите на сите таблети. Всушност можеме да кажеме најдобра, бидејќи од тестот направен на повеќето таблети, издржува убедливо највеќе. Резултатите можете да ги видите во табелата, iPad мини издржува дури 12 часа и 43 минути, повеќе и од Samsung Galaxy Tab 7.7.

ТаблетТраење на батерија
Apple iPad mini
12:43 (WiFi)
Samsung Galaxy Tab 7.7
12:01
Apple iPad (4 gen)
11:08
Apple iPad 2
10:26
ASUS Eee Pad Transformer Prime
10:17
Samsung Galaxy Tab 10.1
9:55
The New iPad
9:52(HSPA) / 9:37(LTE)
Google Nexus 7
9:49
Apple iPad
9:33
Pantech Element
9:00
Motorola Xoom 2
8:57
HP TouchPad
8:33
Lenovo IdeaPad K1
8:20
Motorola Xoom
8:20
T-Mobile G-Slate
8:18
Acer Iconia Tab A200
8:16
Samsung Galaxy Tab 7.0 Plus
8:09
Lenovo ThinkPad Tablet
8:00
Archos 101
7:20
Archos 80 G9
7:06
RIM BlackBerry PlayBook
7:01
Acer Iconia Tab A500
6:55
T-Mobile Springboard
6:34
Toshiba Thrive
6:25
Samsung Galaxy Tab
6:09
Motorola Xyboard 8.2
5:25

Камера

iPad 2 ги нема HDR, или пак Панорама функцијата во камерата, па така ги нема ниту iPad мини, но за разлика од iPad 2, новиот таблет има доста подобрена камера. Вградена е камера со 5 мегапиксели, кога вади одлични фотографии, а може да се послужиме и со предната камера која има 1.2 мегапиксели. Може да се каже дека задната камера е истата од iPhone 4, со која се добиваа доста квалитетни фотографии.

Исто така можеме да правиме и одлични видео снимки со 1080p HD резолуција, но сепак имаме малку полоша стабилизација на сликата, затоа неможеме ни приближно да ја споредиме камерата со онаа на iPhone 5.

Во секој случај заклучивме дека добиваме одличен уред за одлична цена. iPad мини ги задоволува сите потреби, а има доста достапна цена која почнува од 329 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.