x

iPad Pro 2019: Спецификации, цена и достапност

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 05 Јули, 2019 од GSM.mk

iPad уредите на Apple се едни од ретките таблети кои сеуште успеваат да останат популарни на пазарот. Токму затоа, компанијата и понатаму претставува нови модели, додека поголемиот дел од останатите брендови се откажаа од таа идеја..

Во моментот, Apple работи на неколку iPad модели, меѓу кои е и iPad Pro линијата, која ќе биде претставени во септември заедно со новите iPhone уреди.

Во однос на дизајнот, Apple веќе некое време не претставува големи промени кај своите iPad серии. Од друга страна, бидејќи Pro линијата доби прилично големи промени минатата година, оваа година ќе станува збор за истиот дизајн - еден уред со 11 инчен и друг со 12.9 инчен панел.

iPad Pro 2019: release date, price, specs, features, what to expect

Во однос на дизајнот, една промена која можеби ќе ја видиме е во нивната целосна големина. Минатогодишните модели беа неверојатно тенки. Се разбира, тоа направи да изгледаат одлично и елегантно, но истовремено и да се виткаат многу лесно. Во минатотo, Apple имаше сличен проблем и со iPhone 6 Plus, кој го среди со претставувањето на iPhone 6s. Истото веројатно ќе биде и со iPad Pro серијата.

Преминувајќи на внатрешните спецификации, минатата година го имавме Apple A12 Bionic во iPhone XS серијата, кој е неверојатно моќен процесор. iPad Pro серијата за 2018 имаше уште поинтересен и помоќен процесор - A12X Bionic. Новите модели ги очекуваме со A13X Bionic под хаубата, а најверојатно ќе биде присутна и 5G технологијата - барем кај поскапата верзија.

iPad Pro 2019: release date, price, specs, features, what to expect

Apple обично не практикува да организира еден настан каде ќе претстави голем број нови уреди. Затоа, досега iPhone и iPad сериите беа најавувани посебно. Иако оваа година iPad Pro моделите ги очекуваме во ист период како iPhone серијата, најверојатно нема да станува збор за истиот датум. Во однос на цената, нема да има големи промени од минатогодишните модели. Почетната цена ќе биде околу 800 долари за 11 инчниот таблет, а цена од околу 1,000 долари ќе има 12.9 инчната варијанта.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.