x

iPhone 11 ќе ископира клучна Galaxy S10 функција!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Март, 2019 од GSM.mk

Претставувањето на новите iPhone уреди ќе биде за 6 месеци, но јапонскиот блог Mac Otakara сподели неколку значителни информации за новите смартфони на Apple, како и за нивните спецификации...

Во октомври, Huawei претстави нова функција наречена Wireless Reverse Charging со Mate 20 Pro. Кога е активирана, сопствениците на смартфонот може да полнат други QI уреди - доколку се наоѓаат еден до друг. Функцијата не е многу практична, бидејќи полнењето е споро, но може да биде корисна во ситуации кога нема доволно извори на струја во близина.

По Huawei, и Samsung претстави слична верзија наречена Wireless PowerShare со Galaxy S10 серијата. Сега, изгледа дека и Apple ќе ги следи стапките на овие две компании.

Samsung Galaxy S10+ charging Galaxy Buds

Имено, компанијата подготвува своја верзија од функцијата која ќе биде претставена заедно со новите iPhone уреди во септември. Сега за сега не се достапни многу детали, но iPhone 11 сопствениците ќе може да ги полнат своите Apple паметни часовници со самото ставање на уредот врз смартфонот. Со функцијата ќе бидат компатибилни и неодамна најавените AirPods. 

Идејата позади ваква постапка е искористување на голема батерија со која ќе доаѓаат новите смартфони. Станува збор за батерија со голем капацитет која без проблем ќе може да полни два уреди истовремено.

Од другите спецификации, iPhone 11 уреди ќе доаѓаат со подобрен дисплеј, како и три камери на задната страна.

Alleged iPhone 11 prototype design

Како и секоја година, претставувањето на новата iPhone серија го очекуваме во септември.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.