x

iPhone 12 има сериозен проблем со екранот!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Ноември, 2020 од GSM.mk

Еден од уредите во новопретставената iPhone 12 серија има сериозен проблем со екранот...

Изгледа дека зелената боја е омилена за проблемите кои се појавуваат кај екраните на смартфоните. На почетокот од годината Galaxy S20 Ultra имаше сличен проблем со екранот кој "позеленуваше". Истотака оваа година, и OnePlus 8 Pro имаше проблем кој ги претвораше сивите нијанси во зелени. 

iPhone серијата има ваков "зелен" проблем уште од минатата година со iPhone 11 Pro Max. Кај него, iOS 13.6.1 го среди проблемот. Сега, новите iPhone 12 корисници се жалат дека нивните екрани покажуваат нијанси на чудна зелена и сива боја.

The 2020 iPhone 12 series is marred by issues with the displays showing glowing green or gray colors - 5G iPhone 12 line suffers from a serious screen defect; Apple plans a software update

Проблемот обично се појавувал кога светлината е ставена на 90% или помалку. Кај дел од нив проблемот го снемува по одредено време, но кај дел останува. 

Еден од ваквите корисници кој го пријавил проблемот во Apple добил нов уред, иако компанијата најверојатно наскоро ќе претстави попрактично и глобално решение. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.