x

iPhone 12: Нови информации околу цените

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 03 Мај, 2020 од GSM.mk

Овогодинешната iPhone серија се очекува да има четири нови модели и да биде претставена во септември.

Најпрво, го имаме iPhone 12 (mini) кој би требало да биде буџетскиот модел во серијата. Ќе доаѓа со компактен 5.4 инчен OLED дисплеј и мали рамки, слично како iPhone 11 Pro. Во внатрешноста на сите четири модели ќе се наоѓа новиот A14 Bionic процесор со 5G поддршка. Цената на буџетскиот модел ќе биде 649 долари.

Потоа, замената на iPhone 11 ќе биде 6.1 инчниот iPhone 12 Plus. Ќе доаѓа со мал notch, алуминиумска конструкција и систем од две камери на задниот дел. Цената ќе биде 749 долари.

Massive iPhone 12 leak reveals impressive pricing for 5G iPhones

Преминувајќи на попремиум моделите, го имаме iPhone 12 Pro како замена на iPhone 11 Pro. Ќе има голем 6.1 инчен дисплеј со помал notch и уште потенки рамки. На задниот дел повторно ќе се наоѓаат три камери, но со подобрени сензори. Ќе чини 999 долари.

Последно, најголемиот од сите ќе биде iPhone 12 Pro Max. Како што кажува името, овој уред ќе биде поголемата верзија на iPhone 12 Pro и ќе има 6.7 инчен дисплеј и најголема батерија од сите. Во однос на другите карактеристики ќе биде ист со iPhone 12 Pro. Цената ќе биде 1099 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.