x

iPhone 12 Pro 5G: Подобрени OLED екрани!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Мај, 2020 од GSM.mk

iPhone 12 и 12 Pro ќе доаѓаат со неколку промени, меѓу кои ќе бидат и подобрените екрани...

Најпрво, iPhone 12 Pro Max ќе има 6.7 инчен флексибилен OLED дисплеј, екслузивно произведен од Samsung Display. Ќе има резолуција од 2778 x 1284 пиксели. Една важна промена кај дисплејот е присуството на Y-OCTA технологијата која овозможува потенок панел и пониски трошоци за производство. Дисплејот ќе биде промовиран под ‘Super Retina XDR’ брендот. 

Newest iPhone 12/Pro 5G leak details upgraded OLED displays

Помалиот iPhone 12 Pro ќе има 6.1 инчен OLED дисплеј, повторно од Samsung. Нема да ја има истата Y-OCTA технологија и ќе има резолуција од 2532 x 1170 пиксели.

Newest iPhone 12/Pro 5G leak details upgraded OLED displays

Следбеникот на iPhone 11 ќе биде iPhone 12 Max кој повторно ќе има 6.1 инчен OLED панел, произведен и од BOE и од LG Display. Ќе ја има истата резолуција од 2532 x 1170 пиксели.

Newest iPhone 12/Pro 5G leak details upgraded OLED displays

Најмалиот во низата ќе биде iPhone 12 кој ќе има 5.4 инчен OLED дисплеј, чиј производител ќе биде BOE.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.