x

iPhone 13 Pro моделите ќе имаат подобрени ултрашироки камери

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 12 Ноември, 2020 од GSM.mk

Иако iPhone 12 неодамна пристигна на пазарот, познатиот аналитичар на Apple, Минг Чи Куо веќе најави како ќе изгледа камерата на новите iPhone модели кои ќе пристигнат во 2021 година.

Камерите на претстојните iPhone модели ќе го задржат истиот облик, но ќе бидат надоградени со ултраширока камера за поскапите модели Pro и Pro Max.

Куо е познат по успешните предвидувања за изгледот и перформансите на претходните генерации на iPhone, па затоа не е чудно што го најавува изгледот на новите смартфони една година порано, пишува The Verge.

Куо вели дека Pro и Pro Max ќе имаат објектив со 6 елементи и автофокус.

Apple ги чува најдобрите камери за најскапите iPhone уреди, но оваа година Pro Max има иста камера како и останатите уреди од серија 12.

Ова ќе се промени наредната година, предвидува Куо.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.