x

iPhone 14 добива голема надградба на предната камера

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Јуни, 2022 од GSM.mk

Според протечените информации, селфи камерата на новите iPhone уреди добива автофокус и подобрена леќа, а ќе чини трипати повеќе од постоечката.

Често се случува производителите на паметни телефони малку да ги занемарат селфи камерите, а iPhone не е исклучок. Apple ги нема значително подобрено селфи камерите на своите телефони уште од моделот iPhone 11, но наскоро на ова поле доаѓа голема надградба.

Според Мин-Чи Куо, многу доверлив аналитичар кога станува збор за протечени информации од Apple, компанијата планира да додаде автофокус на предната камера на моделите на iPhone 14.

Ова не е прв пат до нас да стигнува ваква информација, но постојаното повторување на истите информации од различни извори сега покажува дека аналитичарите се убедени во тоа, а голема е веројатноста дека ќе се остварат.

Автоматскиот фокус не е единствената надградба што може да ја добие селфи камерата, бидејќи Куо исто така тврди дека Apple ќе користи леќа со шест елементи, во споредба со петте елементи во моделите на iPhone 13. Ова се однесува на бројот на поединечни стаклени делови во внатрешноста на објективот. Иако тоа не мора да значи дека квалитетот на сликата ќе биде подобар, во овој случај немаме дилема, особено што Куо оваа промена ја опишува како надградба.

Изнесените информации важат за сите нови модели на iPhone, а не само за најскапите. Затоа, веројатно е дека селфи камерите на новите уреди, без разлика кој ќе го изберете, ќе понудат значително подобрени перформанси во споредба со претходните iPhone уреди, доколку оваа информација е точна.

Според информациите кои ни стигнаа претходно, Apple наводно ќе користи сензори од јужнокорејски производители, а цената на тие сензори ќе биде три пати повисока од постоечките.

Што носи автофокусот?

Според Куо, користењето на автоматскиот фокус ќе доведе до „значително подобрени перформанси за селфи и видео. Тековните iPhone уреди користат селфи камери со фиксиран фокус, што значи дека објективот не може да се прилагоди и количината на сцена во фокус е конзистентна на сите снимки. Кај автоматскиот фокус, сепак, можете да го оптимизирате фокусот за видот на сликата што сакате да ја снимите, овозможувајќи поразновидни снимки и потенцијално подобрена острина.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.