x

iPhone 15 ќе добие USB-C порт

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 13 Мај, 2022 од GSM.mk

Според аналитичарот Минг-Чи Куа, Apple ќе го отфрли својот Lightning порт и ќе се префрли на USB-C на сите или можеби некои модели од линијата iPhone 15, кои се очекуваат во втората половина на 2023 година.

Уште од моделот iPhone 5, Apple го користи Lightning портот на своите телефони, и покрај фактот што најголемиот дел од индустријата се префрли на USB-C. Во својата последна објава на Twitter, Куо сугерираше дека Apple ќе го одбие портот Lightning во текот на 2023 година.

Според аналитичарите, USB-C портот треба да ја подобри брзината на пренос на податоци на моделите на iPhone, како и да ја подобри брзината на полнење на батеријата на телефонот.

Една од можните причини зошто Apple реши конечно да се префрли на USB-C портот после толку години, е зголемениот притисок што го наметнува Европската Унија по ова прашање.

ЕУ продолжува да спроведува мерки и да донесува регулативи кои на крајот ќе го принудат Apple да го прифати USB-C портот на сите свои модели на iPhone, како и iPad и AirPods што се продаваат во Европа.

Поголемиот дел од линијата iPad на Apple веќе има USB-C за побрз пренос на податоци. Apple, исто така, може да одлучи да ги создаде своите уреди целосно без порти и целосно да се потпира на MagSafe за пренос и полнење на датотеки.

Извор:kajgana.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.