x

iPhone 2018 моделите доаѓаат во три нови и возбудливи бои!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 29 Мај, 2018 од GSM.mk

Откако се дозна дека Apple планира да претстави три нови iPhone модели оваа година, постојано се појавуаат информации за нивниот изглед и можни спецификации. Според најновите, уредите ќе доаѓаат во три интересни бои:

Како што знаеме, Apple ќе претстави три нови смартфони оваа година - следбеник на iPhone X, Plus верзија и поевтин LCD модел со сличен дизајн без рамки. Гласини за нивните спецификации се појавуваат уште од минатата година, во врска со нивните камери, дизајн и хардвер. Последно, се зборува дека ќе бидат достапни и во нови бои.

Минитатиот месец, аналитичарот Jun Zhang сподели дека Apple планира да ја диференцира поевтината верзија, претставувајќи нови и свежи бои, слично како со iPhone 5c. Според Zhang, тие три бои ќе бидат сина, жолта и розева. Станува збор за навистина интересни бои, бидејќи досега Apple се задржуваше на црните, бели и златни нијанси повеќе, со исклучок на iPhone 5c и Product RED Edition верзијата од iPhone 7.

2018 iPhone model could launch in three new colors, here's what they may look like!

2018 iPhone model could launch in three new colors, here's what they may look like!

2018 iPhone model could launch in three new colors, here's what they may look like!



Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.