x

iPhone 5G пристигнува наредната година

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јули, 2019 од GSM.mk

Ерата на смартфони со 5G технологија веќе започна, а на трендот наскоро ќе се „закачи“ и Apple, кој веќе развива планови за производство на iPhone што ќе ја поддржува оваа мрежа.

Аналитичарот Минг-Чи Куо е еден од најдоверливите извори за информации поврзани со Apple и обично дознава и предвидува новости една година пред компанијата да ги претстави на пазарот.

Сега, тој предвидува дека ќе имаме можност да ги видиме првиот iPhone уреди со 5G технологија наредната година, и покрај тоа што главниот производител на 5G модеми со кој соработува Apple веќе не ги произведува модемите и чиповите.

Веќе знаевме дека Apple има закажан рок до крајот на 2020 година за да го претстави моделот со 5G технологија, но тој требаше да користи Intel чип – за што потоа дознавме дека со сигурност нема да се случи. Apple се реши да соработува со Qualcomm и плати 4,5 милијарди долари за да ја спаси иднината на iPhone уредите. Поради тоа, се сметаше дека 5G моделот ќе биде одложен за 2021 година.

„Ќе пристигне на време, наредната година“, посочи Минг-Чи Куо, најгласувајќи дека заедно со нормалниот 6,7-инчен уред, на пазарот ќе се појави и помал 5,4-инчен iPhone, а и двата модели ќе поддржуваат 5G технологија.

Покрај овие новости, Куо вели дека во иднина сите iPhone уреди ќе имаат OLED дисплеј, а најави и дека Apple ќе се фокусира на производство на сопствени 5G чипови веќе од 2022 или 2023 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.