x

iPhone 5G верзијата е подготвена: Побрз процесор и ToF сензори!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Јули, 2019 од GSM.mk

Huawei го има P30 Pro, Samsung го претстави Galaxy S10 5G, а сега и Apple ја подготвува ваквата верзија од своите iPhone уреди..

Станува збор за 5G технологијата со која веќе доаѓаат поголем дел од премиум смартфоните на пазарот. Се смета дека за некоја година ова ќе биде новиот стандард. 

Како и секогаш, Apple почека некое време пред да се придружи на трендот. За жал, 5G технологијата ќе биде присутна со iPhone уредите кои ќе бидат претставени во 2020 година.

Покрај ова, Apple нарача од  Lumentum, компанијата која е задолжена за Face ID деловите, да го зголеми производството на ToF сензори до крајот на годината. Компанијата планира да ги користи овие сензори и за подобро 3D препознавање на лицето, и за мистериозни, засега непознати AR/VR способности во 2020 iPhone моделите.

Последно, за овие уреди знаеме дека ќе доаѓаат со Apple A14 - новиот процесор на Apple. Се на се, смартфоните ќе имаат променет дизајн, помалку видлив 'notch' на горниот дел, побрз процесор, нова 5G технологија и уште низа нови и интересни функции.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.