x

iPhone XE е компактниот Apple модел кој фановите долго го очекуваа!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 22 Април, 2019 од GSM.mk

Оригиналниот iPhone SE беше претставен пред речиси три години и изгледа дека конечно ќе го добие својот следбеник..

Гласините за следбеник на iPhone SE кружат веќе некое време - всушност, од појавувањето на првиот модел. Изгледа дека конечно, по цели три години, ќе го видиме вториот буџетски iPhone модел.

Станува збор за iPhone XE, смартфон кој ќе доаѓа со 4.8 инчен OLED панел со notch. Ќе поддржува Face ID, но нема да има стаклена конструкција. Наместо тоа, ќе доаѓа со алуминиумска градба. За жал, тоа значи дека нема да нуди безжично полнење.

Во однос на другите спецификации, ќе има една камера на задната страна од 12 мегапиксели, а во внатрешноста ќе се наоѓа A12 Bionic. 

Доколку iPhone XE навистина постои, неговото претставување го очекуваме до крајот на оваа година. Дали вие би биле заинтересирани во ваков модел?

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.