x

iPhone XR 2 ќе има најиздржлива батерија досега!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 13 Јуни, 2019 од GSM.mk

Новата iPhone серија звучи се поинтересно и поинтересно..

Кинеската компанија ATL е задолжена за производството на батерии за едне од новите iPhone уреди - iPhone XR 2. Станува збор за истата компанија која ги произведе проблематичните Note 7 батерии.

Капацитетот на новите батерии ќе биде 3110 mAh. Ова значи дека следбеникот на iPhone XR ќе има најголема батерија досега во iPhone серијата. Иако станува збор за "само" 5% поголема батерија од онаа на XR од 2942 mAh, XR2 ќе доаѓа и со новиот процесор на Apple, A13 кој ќе ја подобри издржливоста на батеријата уште повеќе.

Ова значи дека iPhone XR 2 би требало да има потреба од најмалку полнење, а да нуди најиздржлива батерија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.