x

iPhone XR vs. Galaxy Note 9: Кој телефон е побрз?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 04 Ноември, 2018 од GSM.mk

Според карактеристиките, iPhone XR не би требало ниту да се споредува со Note 9. Сепак, Samsung уредот доаѓа со 8GB RAM, додека XR има само 3GB RAM. Но, интернетот не се задоволува само со претпоставки. Ајде да погледнеме како навистина се покажаа:

Кога беше претставен iPhone XS, при тестирање на брзината го победи новиот уред на Samsung, Note 9, за 14 секунди. Сега, јутјуберот PhoneBuff ги направи истите тестови за iPhone XR против истиот Android уред. Истовремено, со 4GB RAM, како и моќниот A12 Bionic во внатрешноста, iPhone XS Max се покажа побрз од Note 9 кој доаѓа со дупло повеќе RAM. 

Сега, со истиот A12 Bionic, а со уште помалку RAM, 3GB, iPhone XR се покажа одлично. И покрај тоа што нуди 5GB RAM помалку од Note 9, XR постигна импресивни резултати. Двата уреди постигнаа ист резултат, од 2:38. Технички, iPhone XR се покажа како побрз, за половина секунда. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.