x

iRobot Braava: Малото роботче што чисти подови

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 19 Март, 2016 од GSM.mk

Компанијата iRobot претстави нов уред од серијата Braava, малото роботче што чисти подови. Компактниот робот е мал уред што автоматизирано чисти на повеќе начини, меѓу кои со наводенета крпа, со влажно аспирирање или едноставно бришење на прашина.

Роботчето работи така што го одбирате начинот на чистење и го оставата да си ја заврши работата. Неговиот софтвер ја мапира просторијата во која се наоѓа со цел ефикасно да ја исчисти околината, без да се удира и да го оштетува мебелот и одлично се снаоѓа кружејќи околу предмети и мебел во различни облици.

Сензорите во роботчето го спречуваат да се стркала по скали на пример, а може да го програмирате да избегнува одредени површини доколку не сакате да ги исчисти.

Со димензии од 17 x 17,8 x 8,4 сантиметри, ова роботче е компактен помошник што секој би го посакал во својот дом. Роботчето ќе биде достапно на пазарот од 1. април, по цена од 199 американски долари. 

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.