x

Исклучување лајкови на Instagram: Брзо и лесно во неколку чекори

Категорија: Совети Објавено на 21 Март, 2022 од GSM.mk

Бројот на лајкови може да се сокрие и за поединечни објави уште пред да бидат објавени.

Откако животот се пресели на социјалните мрежи, сѐ се мери во лајкови, а експертите предупредуваат дека тоа не е многу добро за менталното здравје.

Instagram објави опција за криење на лајковите за да го ублажи проблемот, така што корисниците можат да се фокусираат на содржината наместо на нејзината популарност.

Лајковите може да се отстранат пред да се објави некоја содржина, но и подоцна - кога ќе посака сопственикот на профилот.

Процесот е краток, а еве што треба да се направи.

Кога ќе се отвори сметката на Instagram и ќе отидете на профилот, се што треба да направите е да кликнете на трите хоризонтални линии во горниот лев агол. После тоа се отвора мени, од кое избирате Settings, потоа Privacy и потоа Posts.

На врвот на тој дел се наоѓа Hide Like and View counts, па кога таа опција ќе се активира работата е завршена.

Бројот на лајкови може да се сокрие и за поединечни објави уште пред тие да бидат објавени. Кога ќе завршите со подготовката на фотографијата, на дното има Advanced settings - ова е делот каде што можете да ги исклучите коментарите и да поставите други детали, а најгоре има Hide like and view counts on this post. Кога ќе се активира, бројот на лајкови под содржината станува невидлив.

Истото може да се направи и со постарите објави, а доколку одите до саканата објава кликнете на трите точки во горниот десен агол и изберете Hide like count. Таму каде што биле лајковите сега ќе пишува „liked by one user and others“ (лајкуван од еден корисник и од други)“. Експертите велат дека е подобро така.



Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.