x

Исто како смартфон: Samsung го претстави вертикалниот телевизор The Sero

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 03 Мај, 2019 од GSM.mk

Новиот телевизор на Samsung беше претставен во вертикално издание, со што потсетува на начинот на кој обично гледаме видеа на Instagram и останатите социјални мрежи.

Вертикалниот телевизор би им овозможил на купувачите подобро да гледаат видео содржина која е снимена со мобилен телефон. Голем број луѓе снимаат вертикални видеа, па затоа и повеќето мобилни апликации почнаа да покажуваат видеа на овој начин.

Samsung викендов го претстави новиот телевизор наречен The Sero, кој веќе е на продажба во Јужна Кореја. Од компанијата велат дека тој е специјално дизајниран за помладата популација, која почесто гледа содржина на вертикалниот екран на нивните мобилни телефон. Новиот The Sero го имитира ваквиот дисплеј, превртувајќи ја нормалната телевизија на страна.

Технолошкиот гигант смета дека младите луѓе ќе бидат подобро запознати со ваквиот тип на екран, но тоа не значи дека телевизорот не може да биде свртен хоризонтално – како сите останати телевизори.

Со развојот и подемот на Snapchat, Instagram Stories и Facebook Stories, вертикалната содржина стана многу популарна. Instagram, исто како и Snapchat, веќе почна да креира оригинална содржина која се емитува вертикално, иако и понатаму најкористениот приказ за емитување на долгометражна содржина е хоризонталниот приказ.

The Sero веќе може да се нарача од Северна Кореја по цена од 12.500 фунти (околу 14.500 евра). Телевизорот ќе почне да се испорачува до купувачите веќе од крајот на мај.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.