x

Истражување: Уредите на Apple можат да откријат сериозни здравствени проблеми!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 13 Август, 2019 од GSM.mk

Покрај претставувањето нови и моќни уреди секоја година, во последно време Apple посветува особено внимание на здравјето и фитнесот на своите корисници...

Додека Apple работи работи на се повеќе функции поврзани со здравјето на корисниците, според новите истражувања дел од уредите на компанијата може да помогне при откривање на деменција.

Одредени уреди, како iPhone, iPad и Apple Watch, во комбинација со одредени апликации и Beddit уредот кој го следи спиењето на корисниците, заедно можат да откријат рани фази на деменција. Истражувањето било спроведено од Apple и Evidation Health компанијата, а учествувале 113 лица на возраст од 60 до 75 години.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.