x

Јануари ја донесе Resident Evil 2, во февруари пристигнуваат Far Cry, Anthem и неколку други видеоигри

Категорија: Забава Објавено на 26 Јануари, 2019 од GSM.mk

Почетокот на „гејмерската година“ започна на 24 јануари, кога се појавија неколку свежи наслови од популарните франшизи, но најголемите возбудувања се очекуваат наредниот месец, за кога се закажани премиери на уште неколку нови игри.

По тримесечна пауза и неподнослива тишина во гејмерската индустрија, вчера и официјално беа претставени два нови наслови.

Стратегијата од серијалот „Warhammer 40K“, наречена „Battlefield Gothic: Armada 2“ ни носи поголеми вселенски битки, надграден гејмплеј, како и мултиплеер опција. Таа вчера беше претставена и веќе почна да се дистрибуира ширум светот.


Вториот наслов кој вчера беше претставен е „Life is Strange 2“, кој е всушност продолжение на оригиналната игра од францускиот издавач Dontnond. Играчот, преку главниот лик во играта, треба да се обиде да ги избегне проблемите кои му ги задава секојдневието, а интеракцијата во играта е возможна со секој предмет и лик во неа, што само говори за посветеноста на издавачот околу подготовката на играта.


Истражувањето на Ракун Сити започнува на 25 јануари. Откако демото на „Resident Evil 2“ пристигна за сите конзоли, вчера и официјално беше промовирана целосната игра. Хорор елементите од оригиналната игра се задржани и понатаму, а првите критики велат дека приказната и гејмплејот се одлични.

„Ace Combat 7: Skies Showdown“ пристигнува кај пилотите на конзоли веќе во почетокот на наредниот месец и оваа видеоигра ќе биде ексклузивно достапна само за нив. Иако играта долго време излегуваше и за PC, овојпат таква верзија не е достапна.


Во средината на февруари, односно 15 февруари, доаѓаат пет нови игри. EA Games ќе ја промовира новата RPG игра наречена „Anthem“, која во првата недела ќе може да ја играат претплатниците на сервисот на EA, додека од 22 февруари таа ќе биде достапна за сите.


Освен „Anthem“, во февруари се очекува да се појави и долго најавуваното продолжение на „Far Cry“, наречено „Far Cry: New Dawn“. Засега не се познати детали за приказната и гејмплејот, но искусните гејмери знаат дека Ubisoft никогаш не разочарува.


Освен горенаведените наслови треба да ги наведеме и помалку популарните наслови како „Degrees of Separation“, „Away: Journey to the Unexpected“, како и неколку други игри наменети за оние кои сакаат да пробаат нешто ново, што не е толку популарно во гејмерскиот свет.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.