x

Јапонија постави нов рекорд во брзина на интернет

Категорија: Занимливости Објавено на 20 Јули, 2021 од GSM.mk

Научниците од јапонскиот Национален институт за информатичка и комуникациска технологија (НИЦТ) го соборија рекордот во брзината на пренос на податоци преку интернет.

Јапонците постигнаа брзина на интернет од 319Tbps (терабајти во секунда), што е скоро двојно побрзо од претходниот рекорд поставен од британски и јапонски научници во август 2020 година, кој гласеше 179Tbps.

НИЦТ постави нов рекорд подобрувајќи ја буквално секоја фаза од ланецот. Се користеа оптички влакна со четири наместо едно јадро, како и засилувачи. Овој вид оптички влакна може да се користи за постојните системи, но неговата цена лесно може драстично да скокне.

Преносот на податоците е извршен во должина од 3.001 километар.

Научниците планираат да го зголемат опсегот на прекуокеанските растојанија.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.