x

Jony Ive се збогуваше со Apple!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Декември, 2019 од GSM.mk

Главниот дизајнер на Apple официјално ја напушти компанијата

Ive се придружи на Apple во 1992 година. Како главен дизајнер на компанијата, Jony Ive е заслужен за дизајнот на неколку важни уреди како iPhone, AirPods, iPad, Apple Watch и многу повеќе. Истовремено помогна и во дизајнирањето на iOS 7. Во 2011-та година Ive беше еден од најмоќните вработени на Apple. 

Претходното лето беше најавено дека Ive планира да ја напушти компанијата, но не беше познато кога точно ќе се случи тоа. Сега официјално, од 14-ти октомври главниот дизајнер на Apple беше заменет. 

Ive изјави дека "по повеќе од 30 години и безброј проекти е горд на сите успеси кои ги има постигнато Apple, но сега е време да ја напушти компанијата." Неговиот понатамошен план е да создаде своја компанија. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.