x

Јувентус втор најпопуларен италијански бренд на Instagram

Категорија: Забава Објавено на 07 Декември, 2019 од GSM.mk

Бројот на следбеници на Јувентус на социјалните мрежи се зголемува. Во моментов, 34,4 милиони луѓе се „фанови“ за клубот од Торино на Instagram.

Јувентус се најде на второто место на листата на најпопуларните италијански брендови на Instagram, на прво место е италијанската модна куќа Gucci (38,2 милиони).

Во јули 2018 година, кога напаѓачот Кристијано Роналдо се приклучи на клубот, на клупската страница имало „само“ 10,4 милиони претплатници. Секој ден, околу 30 илјади луѓе се претплаќаат на страницата на Јувентус на Instagram.

Италијанскиот тим е на третото место по бројот на претплатници во оваа социјална мрежа, по Реал Мадрид (81 милиони) и Барселона (80,3 милиони).


Извор: https://kajgana.com/

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.