x

Јужна Кореја стана првата земја со 5G мрежа

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 06 Април, 2019 од GSM.mk

Два дена пред датумот за кој беше најавена, мрежата 5G беше воведена и веќе почна да се користи во Јужна Кореја.

Трите главни национални оператори: KT, SK Telecom и LG UPlus најавија лансирање на 5G услугите за 5 април, но официјално ја воведоа на 3 април во 23:00 часот по локално време.

За Јужна Кореја, која е една од главните технолошки сили во светот, воведувањето на мрежата 5G беше приоритет ставен на прво место. Аналитичарите предвидуваат дека оваа технологија ќе придонесе кон зајакнување на економијата.

Мрежата 5G ќе овозможи 20 пати побрзо поврзување на интернет и ќе може да се користи во повеќе намени отколку досегашната 4G мрежа. Чисто како пример, на корисниците ќе им биде овозможено да преземаат филмови од интернет за само неколку секунди.

Проценките велат дека 5G стандардот, односно ваквото вмрежување, може да ѝ донесе на светската економија профит од 565 милијарди до 2034 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.