x

Како да активирате Dark Mode на апликацијата Viber?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 12 Март, 2019 од GSM.mk

Преку последниот апдејт на апликацијата Viber, кој е достапен од 5 март, сите корисници ќе имаат пристап до усовршен дизајн и нов изглед, а оние со Android уреди добиваат и опција за Dark Mode на целиот интерфејс на апликацијата.

Оваа опција им е достапна на сите корисници на Android смартфони кои ја имаат апдејтувано апликација Viber со верзијата v10.2.0. Dark Mode не е достапен за Viber Desktop, Viber Windows 10, ниту за уредите со iOS.

Ако и кај вас, како и кај многу други корисници, не ви се појавува Dark Mode преку полето каде што ги пишувате пораките иако ја имате апдејтувано апликацијата, тогаш можете рачно да ја активирате оваа опција.

Како да активирате Dark Mode на Viber:

  • Апдејтувајте ја апликацијата на верзијата 10.2.0
  • Кликнете на трите цртички под кои пишува More
  • Влезете во менито Settings
  • Спуштете се во подменито Appearance
  • Кликнете на полето Dark Mode

Во истото мени можете да ја промените и сликата во позадина на разговорот во некоја потемна, за да можете дополнително да заштедите батерија и да ја продолжите автономијата на вашиот уред.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.