x

Како да ги добиете перформансите на Android 5.0 на вашиот телефон - ДЕНЕС!

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 30 Јуни, 2014 од GSM.mk

Најновата верзија на оперативниот систем на Google, Android L, воведе и новини во перформансите и „позадинскиот мотор“ на кој ќе работите. Она што повеќето не го знаат е дека можете уште денес да го тестирате на вашите телефони...

Доколку поседувате уред со Android 4.4 KitKat (или понов), тогаш можете да тестирате како би работел Android L и да процените дали ќе има огромни подобрувања во перформансите. Новиот оперативен систем добива и нова работна околина наречена ART, која ја заменува досегашната Dalvik работна околина. 

На моделите со Android 4.4 веќе е вградена оваа опција, па потребно е да го следите нашиот туторијал за да ја вклучите:

  1. Одете во Settings > About Phone
  2. Најдете го делот „Build Number“ и кликнете го точно 7 пати последователно, со што ќе добиете пристап до Developer options
  3. Вратете се во Settings и најдете го новото Developer Options
  4. Одберете Select Runtime и тука наместо Dalvik, штиклирајте го ART



Напомена - превземете ги овие чекори на сопствен ризик, бидејќи можно е да се соочите со одредени проблеми во перформансите или багови. Споделете ги вашите импресии дали со ART навистина побрзо ќе работи вашиот телефон!

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.