x

Како да го продолжите животниот век на батеријата на лаптопот?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 18 Април, 2018 од GSM.mk

Ако спаѓате во онаа група луѓе кои го поминуваат поголемиот дел од денот на лаптоп во работа или забава, знаете дека најголем проблем ви е траењето на батеријата.

Производителите на техника велат дека батеријата на лаптопот трае од 2 о 4 часа. Меѓутоа, колку навистина трае? Кога лаптопот и батеријата се нови, може да трае до 3 часа.

Има некои грешки и навики кои му наштетуваат на животниот век на батеријата.

Најчеста грешка е што лаптопот ви е постојано приклучен на адаптер и постојано се празни и полни истовремено. Тоа негативно влијае на „здравјето“ на батеријата.

Намалете ја јачината на светлото на екранот и исклучете ги звучниците бидејќи сигурно не ги користите постојано. Обидете се да не отворате повеќе различни апликации истовремено.

За долготрајност на батеријата исто така се препорачува лаптопот да го чувате во средина со собна температура. Ниските и високите надворешни температури може да ја оштетат батеријата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.