x

Како да го заштитите вашиот смартфон од хакери?

Категорија: Совети Објавено на 18 Јануари, 2019 од GSM.mk

Какви информации и да чувате на вашиот телефон, сигурно сакате тие да бидат заштитени и безбедни, што подалеку од хакерите кои би можеле да ги искористат вашите лични податоци за кражба на идентитетот..

Ако навистина сакате да се заштитите од хакери, инсталирајте ги апдејтите за вашиот оперативен систем во истиот момент кога тие ќе станат достапни. Но, кога ќе инсталирате апликации за телефонот, добро размислете пред да одобрите пристап до вашите податоци.

Овие инструкции се однесуваат најмногу на корисниците на телефони со оперативен систем Android, бидејќи постапката за проверка на безбедност на апликациите кај Google не е толку детална и строга како кај Apple.

Основната препорака е да не инсталирате ништо од непознати и непроверени страници. Дури и „безопасните“ апликации на вашиот телефон можат да се претворат во опасни со наредните апдејти. Затоа, најдобро е да одвоите неколку минути додека инсталирате нови апликации за да ги прегледате сите апликации на смартфонот и да проверите кои од нив имаат дозвола да ги користат вашите податоци.

Ако некој ви го украде телефонот, вашите податоци можат да бидат загрозени. Проверете дали телефонот ви е заклучен кога не го користите.

Доколку сте еден од оние луѓе што планираат однапред, податоците ќе ви бидат безбедни и ако телефонот ви е украден. Една од можностите е да ја активирате опцијата на вашиот телефон да ги избрише податоците откако неколкупати ќе биде згрешено внесувањето на лозинката. А во случај оваа опција да ви изгледа премногу драстично, добро е да знаете дека Google и Apple нудат услуги преку кои можете да го пронајдете вашиот загубен телефон и рачно да го лоцирате или пак да ги избришете податоците.

За крај, никогаш не ја користете истата лозинка на повеќе апликации или услуги. Хакерите редовно провалуваат во онлајн услугите за да украдат кориснички податоци кои потоа ги користат на различни веб локации. Доколку ви е тешко да паметите лозинки, користете апликација која ќе ги памти вашите лозинки наместо вас.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.