x

Како да ја исклучите опцијата со која вашиот iPhone ве прислушува?

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 01 Февруари, 2019 од GSM.mk

Пред неколку дена беше објавено дека апликацијата FaceTime има баг кој ги прислушува корисниците на iPhone. Apple ги презема потребните чекори и најави дека ќе го исправи багот..

Apple веќе ги оневозможи групните повици на FaceTime кај сите корисници на iOS 12, бидејќи токму таа опција овозможува прислушување. Истото треба да го направите и вие, а во продолжение ќе дознаете како.

Компанијата веќе најави дека нова верзија на FaceTime, овојпат без баг, ќе излезе на 3 февруари, но дотогаш вие треба да останете безбедни и заштитени од прислушување. Еве како да ја исклучите апликацијата FaceTime:

  • Активирајте ја апликацијата Settings
  • Пронајдете ја опцијата FaceTime
  • Пристапете во неа и поместете го лизгачот за да ја исклучите апликацијата FaceTime

Кога апдејтот со отстранетиот баг ќе биде достапен, ќе бидете известени преку интернет. Тогаш, симнете го и инсталирајте го новиот апдејт, повторно вклучете ја апликацијата FaceTime и користете го вашиот iPhone уред нормално како и обично.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.