x

Како да ја зголемите меморијата на вашиот iPhone?

Категорија: Совети Објавено на 18 Мај, 2014 од GSM.mk

Просторот за складирање на податоци на iPhone отсекогаш претставувал проблем, без разлика колку меморија имате. Сето ова најчесто е причина поради големиот број на кеш меморија, фотографии и податоци за апликациите кои се пренесуваат од постари iPhone-и.

Доколку имате jailbreak на вашиот уред, постои една апликација наречена iCleaner Pro која е одлична за анализа на вашата меморија и бришење на сите непотребни апликации. Еве како да ја инсталирате и да ослободите место на вашиот телефон:

I. Инсталирајте го iCleaner Pro

Отворете ја Cydia

Стиснете на Manage > Sources > Edit > Add

Внесете ја следната адреса http://exile90software.com/cydia/beta/

Во Search впишете iCleaner Pro и инсталирајте го

Рестартирајте го вашиот уред

II. Начин на користење

Одберете ги сите опци кои сметате дека не ви се потребни

Message Attachments - ги чисти сликите/видеата кои сте ги добиле преку MMS или iMessage

Safari - Ги брише непотребните податоци од овој веб-прелистувач

Апликации и Cydia - брише податоци кои не се потребни


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.