x

Како да откриете што сe Google знае за вас?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 27 Јануари, 2021 од GSM.mk

Ad settings открива што сè Google мисли дека знае за вас. Тука ќе пронајдете информации за вашата возраст, пол, работа и интереси.

Со користење на услугите на Google, вклучувајќи го и Gmail, компанијата собира информации за корисниците.

Овие информации ги користат за огласите, со надеж дека ќе бидат попрецизни и попрофитабилни. Исто така, корисниците имаат и можност да ја вклучат опцијатa за следење, ако сакаат, пишува Independent.

Со кликнување на страната Google Ad settings се отвора долга листа на интереси која е распоредена на неколку делови. Доколку не сакате Google да собира информации за вас, на врвот се наоѓа опцијата да го исклучите тоа.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.