x

Како изгледаше првиот Apple компјутер пред 45 години?

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 14 Април, 2021 од GSM.mk

Компанијата Apple ја основаа Стив Џобс, Стив Вознијак (и технички Роналд Вејн) на 1 април 1976 година.

Apple I беше култниот прв компјутер на компанијата, кој уште има голема побарувачка како колекционерски предмет. Неодамна, првиот примерок беше продаден на eBay за 1,5 милиони долари.

Оваа година е 45-годишнината од создавањето на компјутерот Apple I, а на прославата се придружи и извршниот директор Тим Кук, кој ја сподели годишнината со фановите на Apple ширум светот со објава на Twitter:

URL

„Денес кога Apple слави 45 години, се сеќавам на зборовите на Стив од пред многу години: ‘Досега, ова беше неверојатно патување, а само што почнавме’. Му благодарам на секој член на нашето семејство Apple за сè што сте направиле да ги збогатите нашите животи. Наздравувам за следните 45 години и повеќе!"

Apple ќе продолжи да издава низа историски производи за колекционерски цели, вклучувајќи ги Mac, iPod, iPhones, iPads и Apple Watch.

Денес Apple има актива од 2 милијарди долари, со база од повеќе од 1,6 милијарди уреди, вклучително и над милијарда iPhone уреди.

Во август 2018 година, Apple стана првата јавна американска компанија чија вредност беше проценета на над 1 милијарда американски долари. На 19 август 2020 година, Apple стана првата американска компанија што достигна пресвртница со пазарна вредност од 2 милијарди долари. Компанијата вработува над 147.000 вработени со полно работно време и одржува светска мрежа од над 500 продажни места во 24 земји.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.