x

Kако ќе изгледа футуристичкиот град на Toyota во Јапонија?

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Април, 2021 од GSM.mk

Toyota гради футуристички паметен град во Јапонија кој ќе биде еден вид лабораторија за тестирање на нови технологии.

Во градот ќе бидат тестирани автомобили и роботи кои управуваат самостојно, а ќе бидат напојувани од водород и сончева енергија.

Beе има три типа улици - едната ќе биде исклучиво за пешаци, другата ќе биде за велосипедисти и скутери, а третата за самовозечки автомобили.

За испорака на стоки ќе се користат роботски, автономни уреди. Зградите ќе бидат направени од дрво за да се намалат емисиите на јаглерод диоксид.

Сензорите ќе го следат здравјето на жителите, а роботите ќе се користат за секојдневни активности.

Овој град се создава во близина на Токио, на местото на една стара фабрика. Меѓу првите 360 жители во следните пет години ќе бидат семејства и инвеститори.

Планот е во него да живеат 2.000 луѓе, соопштија од Светскиот економски форум (WEF).


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.