x

Како ќе изгледа iPhone 12 Pro?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 27 Мај, 2020 од GSM.mk

Пред некое време беше објавено дека новите модели на iPhone ќе бидат претставени оваа есен, а сега се појавија и гласини како ќе изгледа претстојниот iPhone 12 Pro.

MacRumors пишува дека новиот iPhone 12 Pro ќе има екран со големина од 6.1 инчи и 6,7 инчи.

Овој модел исто така ќе има и ProMotion технологија со 120 Hz брзина на освежување на екранот.

Исто така, новата генерација на iPhone ќе поддржува 5G мрежа за да се намали трошењето на батерија поради големиот екран. Најверојатно, iPhone 12 Pro ќе има внатрешна батерија со јачина од 4400 mAh.

iPhone 12 Pro ќе има и унапредена опција Face ID која ќе служи за отклучување на екранот со помош на скенирање на лицето. Гласините велат дека можеби ќе употребат LIDAR скенер кој ќе биде вграден на предната камера и ќе го скенира лицето од повеќе агли.

Објективот на камерата ќе има 3Х оптички зум надограден на сегашниот од 2Х. Ова ќе им овозможи на корисниците да зумираат без фотографиите да го изгубат квалитетот.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.