x

Како ќе изгледа новиот Google Pixel 6A?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 23 Ноември, 2021 од GSM.mk

Познатиот типувач од Twitter Стив Хемерстофер објави рендери за претстојниот смартфон Google Pixel 6A кои го откриваат неговиот изглед.

Pixel 6A припаѓа на серијата Pixel A со пристапна цена, изгледа идентично како и стандардниот Pixel 6 - на задната страна има две камери, напред има селфи камера, USB-C влез.

Според она што може да се види на рендерите, сензорот за отпечаток за прст е сместен под екранот, исто како и кај моделите Pixel 6 и Pixel 6 Pro.

Pixel 6A ќе биде првиот смартфон од среден ранг кој нема да има влез за слушалки. Смартфонот ќе биде со димензии 152,2x71,8 мм и 6,2-инчен екран.

Засега не е познато кога ќе се појави Pixel 6A на пазарот, а Pixel 6 и Pixel 6 Pro ќе пристигнат наредниот месец.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.