x

Како ќе изгледа новиот Samsung Galaxy Note10 Pro?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 10 Јуни, 2019 од GSM.mk

Познатиот дојавувач во светот на технологијата @OnLeaks ги објави првите рендери за новиот Samsung Galaxy Note10 Pro.

Рендерите покажуваат дека смартфонот е сличен на она што претходно беше видено на основниот модел Samsung Galaxy Note10.

Разликата е во punch-hole отворот за камера што се наоѓа во средината, за разлика од отворот сместен во горниот десен агол кај стандардниот Note10 модел.

Ниту еден од двата нови Note10 модели немаат две селфи камери, како Galaxy S10 Plus. Исто така ги нема копчето Bixby taster и 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки.


На дното на моделот Note10 Pro се сместени излез за USB-C, S-Pen слот и микрофонот.

@OnLeaks сугерира дека Galaxy Note10 Pro ќе има 6,75-инчен дисплеј (големината на екранот на стандардниот модел е 6,3 инчи).

Samsung Galaxy Note10 Pro ќе има Snapdragon 855 или Exynos 9820 чипови, во зависност од пазарот, како и најмалку 128GB меморија.

Сензорот за отпечаток од прст ќе биде поставен на екранот.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.