x

Како ќе изгледа претстојниот Samsung Galaxy Note 21?

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 21 Јануари, 2021 од GSM.mk

Сè повеќе информации говорат за тоа дека претстојниот смартфон Galaxy Note 21 ќе има камера која ќе биде „скриена“ под екранот.

Samsung во Јужна Кореја ги патентираше називите „UPC“ и „Under-Panel Camera“ кои ќе се користат за екраните на мобилните телефони и ТВ уредите.

Нема гаранција дека новата технологија ќе биде дел од Note 21, но сè повеќе станува јасно дека Samsung работи на камери кои ќе бидат под екранот. Кандидатот за ова решение е и Galaxy Z Fold 3.

Samsung не е единствената компанија која работи на ваков тип камери бидејќи истото го прават и од Oppo кои веќе претставија концептен уред кој има селфи камера под екранот. Google и Xiaomi исто така работат на слични решенија.

Можно е дека до крајот на оваа година ќе бидат претставени уште неколку смартфони од различни произведувачи со слична технологија.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.