x

Како најлесно да го чистите екранот на лаптоп?

Категорија: Совети Објавено на 15 Април, 2022 од GSM.mk

Поради честото користење на лаптоп, таблет или компјутер, треба редовно да одвојуваме време за нивно чистење. При чистење на екранот, важно е да користите најмала количина производи за чистење и најблаг можен притисок за да спречите оштетување.

Исклучете го лаптопот

Пред да почнете со какво било чистење, па дури и со едноставно бришење прашина, секогаш исклучувајте го уредот и од изворот на напојување. Ова треба да го правите како чекор за безбедност, но и затоа што темниот екран ќе ви помогне полесно да ја видите прашината и нечистотијата.

Избришете ја прашината

Користете чиста, сува микрофибер крпа за да избришете прашина и што е можно повеќе дамки. Влакната во крпите од микровлакна имаат поголема површина од памучните крпи за фаќање прашина и нечистотии. Микрофибер крпата не остава влакна, така што нема да оставите остатоци по површината. Свиткајте ја крпата во форма на квадрат и почнете од едниот агол на екранот и одете низ него, лесно преклопувајќи ја секоја линија додека бришете прашина. Водете сметка за тоа да не притискате премногу за да не останат гребаници.

Никогаш не користете хартиена крпа за чистење на екранот, премногу се груби и можат да го изгребат.

Исто така, важно е да не користите вода директно од чешма, минералите во нефилтрирана вода можат трајно да го изгребат екранот. Не заборавајте да одржувате хигиена и на остатокот од лаптопот. Редовно чистете ја тастатурата и останатите делови за да отстраните трошки, прашина и нечистотии од рацете.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.