x

Како ниските температури влијаат на батериите на паметните телефони?

Категорија: Совети Објавено на 18 Јануари, 2020 од GSM.mk

Американскиот блогер Хенк Грин објаснува дека технологијата не е таа која ги прави мобилните да бидат нефункционални на студот, туку дека станува збор за низа хемиски процеси. Тоа го прави овој проблем уште потежок за решавање.

Најкраткото објаснување е дека батериите се подложни на хемиски реакции за да дејствуваат, а ниските температури ги забавуваат или запираат тие реакции.

„Температурата е мерна единица на топлина, а на молекуларно ниво, топлината е движење. Повисоки температури значат повеќе молекуларно движење и повеќе судири на молекули што значи подобри хемиски реакции. Во суштина, кога температурите ќе опаднатат, хемиските реакции стануваат побавни. Затоа забележувате дека некои батерии работат подобро од другите во текот на зимата. Сите не се направени од ист материјал, затоа и различно работат“, објаснува Грин.

Постојат батерии кои скоро никако не можат да работат на студено време. Блогерот советува никогаш да не го изнесувате далечинскиот управувач за телевизор на температури под нулата.

Во мобилните телефони се сместени литиум-јонски батерии. Иако се направени да поднесуваат ниски температури и те имаат свои ограничувања. Перформансите на овие батерии се да го измамат телефонот да „мисли“ дека е празен.

„Вашиот телефон нема термометар што значи дека не знае колку е студено, па само претпоставува дека нема ништо за да изреагира. Значи, телефонот ви говори дека батеријата е слаба кога всушност е само студено. Затоа загрејте ја батеријата за да создадете уште реакции и телефонот ќе сфати дека уште може да работи“, вели Грин.

Инаку, Apple предупредува дека нивните уреди со iOS систем, како iPhone и iPad треба да ги користите на температури меѓу 0 и 35 степени Целзиусови. Температурите кои отстапуваат од таа рамка може да го скратат рокот на траење на батериите и да предизвикаат уредот да се однесува невообичаено.

Доколку телефонот ви се исклучи на ниски температури немојте да се обидувате да го вклучите додека не го стоплите на собна температура.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.