x

Како познатите технолошки компании ги добиле своите имиња?

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 31 Октомври, 2014 од GSM.mk

Сите технолошки гиганти имаат богата историја, а некои од нив со текот на времето освен што го промениле визуелниот идентитет го имаат променето и името. Некои пак останале верни до крај на својот идентитет, а интересно е на кој начин ги добиле имињата.

Samsung е еден од најпрепознатливите брендови, а името има едноставно значење. На корејски Samsung значи три ѕвезди, име одбрано да претставува три доблести: големина, бројност и моќ. Првите производи на оваа компанија биле сушена риба, зеленчук и овошје. Името не е променето ниту во 1987 година кога компанијата се ориентирала кон производство на електроника.

Nokia е сега купена од Microsoft, но некогаш беше водечки произведувач на мобилни телефони. Засега останува со истото име. Оваа компанија започнала со работа од 1865 година како произведувач на хартија. Во 1967 година е преземено официјалното име Nokia Corporation, а до тогаш компанијата работела во пет различни сегменти – електроника, производство на струја, шумарство, кабли и гуми. Денес во Финска постојат три сегменти: Nokia Networks, HERE и Nokia Technologies, пишува The Next Web.

Apple започнал како Apple Computer во 1977 година, а во 2007 година е исфрлен зборот computer. Според Џобс, името на компанијата е одбрано бидејќи многу сакал јаболка, но и поради тоа што во именикот Apple се наоѓал под познатото име Atari.

Компанијата LG е позната и под името GoldStar. Основана е во 1958 година, а во комбинација со името од сестринската компанија Lucky Hui во 1995 година од двете имиња се добило името Lucky Goldstar (LG) како што ја познаваме денес.

Малку недостасувало Amazon да се вика Cadabra, скратено од abracadabra. Џеф Безос во 1994 година почнал со тоа име, но страницата во 1995 година го добила името Amazon.

Google го добил името по погрешното пишување на Googol, збор што значи 10^100. Името е одбрано бидејќи целта на Сергеј Брин и Лари Пејџ била да соберат голема сума информации достапни за секого.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.